Дома Фудбал Знаете ли кога последен пат едно „Ел Класико“ беше без Меси и Роналдо?

Знаете ли кога последен пат едно „Ел Класико“ беше без Меси и Роналдо?

Поради повредата на раката Лионел Меси неколку недели ќе биде надвор од терените, па нема да биде во можност да настапи во натпреварот против лутиот ривал Реал Мадрид.

Меси прво ќе го пропушти Интер во среда во натпреварот од Лигата на шампионите, па и неделното „Ел Класико“. Ова значи дека за прв пат од поодамна „Ел Класико“ нема да привлекува внимание како во претходните години поради тоа што во него ќе ги нема Меси и Роналдо.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


До неодамна навистина незамисливо изгледаше натпреварот помеѓу двата шпански гиганти да се одигра без Меси и Роналдо. Знаете ли кога последен пат се случило такво нешто?

Пред 11 години.

Меси во последните 14 години пропушти само два натпревари против Реал, а ниту еднаш Барса не го победила Реал кога во тимот го немало Меси (од кога Меси е член на Барса).

Иначе, Меси со 26 голови е најдобриот стрелец во историјата на „Ел Класико“, зад него се Ди Стефано и Роналдо со по 18 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент помеѓу навивачите на Барселона и Реал: Дојде да провоцира, па доби лименка во глава (Видео)

На натпреварот помеѓу Реал Мадрид и РБ Салцбург што се одигра на „Lincoln Financial Field“…