Тимот на Реал Мадрид на лето се очекува да претрпи големи промени.
Прво, на „Сантијаго Бернабеу“ би тренало да пристигне нов чувар на мрежата, а во игра се неколку имиња како што се Де Геа, Куртоа и Алисон. Исто така се и во потрага по засилување во нападот и јасно „кралевите“ секогаш го сакаат најдоброто па се поврзуваат од Нејмар, Хари Кејн, Паоло Дибала и Роберт Левандовски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Треба да се истакне дека неодамна шпанскиот „Мундо Депортиво“ пласираше вест дека Роберт Левандовски веќе се договорил со шпанскиот гигант, дури и изнесе детали од нивниот договор. Повеќе за ова можете да прочитате ТУКА.
Потребно е и засилување во одбраната. Се споменуваше името на Самуел Умтити кој никако не успева да пронајде заеднички јазик со Барселона и да го продолжи договорот. „Дон Балон“ пишува дека „кралевите“ се спремни да ја платат клазулата и така да го украдат фудбалерот на лутиот ривал. Сепак, Умтити и да донесе конечна одлука за напуштање на Каталонија, Реал ќе има голема конкуренција од клубовите од Манчестер и ПСЖ.
Истиот медиум, наведува дека Зидан сака и играч за врска, а изборот наводно паднал на Миралем Пјаниќ од Јувентус. Јасно, „дамата“ нема да сака да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери во последните две сезони колку што Босанецот е дел од шампионот на Италија.
Но, во Јувентус постои јасно правило и тоа важи за секој играч, без разлика колку е важен за тимот – доколку еден играч сака да замине клубот не му прави проблеми и ќе го пушти во случај на адекватна понуда.
Сите имиња на оваа листа се ѕвезди на европскиот фудбал и пеколно тешко ќе му биде на Перез да го обезеди нивниот потпис, па останува да видиме како ќе се одвиваат работите во текот на летото.