Не е прв пат Реал Мадрид да се поврзува со Роберт Левандовски, но сега изгледа е најблиску до дресот на „кралевите“.
Медиумите во Шпанија дури изнесуваат и детали од договорот кој полскиот напаѓач би го потпиша. Наводно станува збор за договор на две години, со опција за продолжување на уште една.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вест за договорот помеѓу Левандовски и Барн ја пласираше „Мундо Депортиво“, медиумот со седиште во Каталонија.
Овој медиум пишува дека договор бил постигнал на средбата помеѓу новиот менаџер, Пини Захави на Левандовски и десната рака на Флорентино Перез, Хозе Анхел Санчез. Овој двоец се сретнал неколку пати во изминатите недели.
Покрај Барселона во игра бил и ПСЖ, но изборот на Левандовски и Захави бил Мадрид.
Секако, доколку може да му се верува на каталонскиот медиум.