Рома оваа сезона игра под очекувањата и загрозена и е позицијата во Топ 4, па раководството сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор Мончи работи на зсилувања за сите линии во тимот, односно дефанзивец, играч за врска и напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв на листата желби е дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани кој оваа сезона не добива голема минутажа и јавно го искажа своето незадоволство. „Волчицата“ сака да ја искористи таквата ситуација, а како резервна варијанта се споменува Матија Настасиќ од Шалке.
Во средниот ред има неколку играчи кои се на радарот на „волчицата“, а на прво место е талентот на Ајакс, Дони ван де Бек. Покрај него на списокот се уште Рабио од ПСЖ, Јулијан Вајгл од Дортмунд и Ектор Ерера од Порто.
Со оглед на фактот дека Пероти и Шик не играат на своето ниво оваа сезона, Рома сака во нападот да го донесе Доменико Берарди од Сасуоло, кој е најголема желба на тренерот Ди Франческо.