Дома Топ вести Зидан: Ја променив формацијата, виновен сум што не го победивме Сосиедад

Зидан: Ја променив формацијата, виновен сум што не го победивме Сосиедад

Реал Мадрид не успеа да го одржи чекорот за шампионската титула во Примера и вчера тимот на Зидан одигра 1:1 против Реал Сосиедад.

„Кралевите“ беа блиску и да го изгубат натпреварот, ги спаси Винисиус со гол во финишот од натпреварот. Зидан на прес-конференцијата после натпреварот ја превзема вината за поразот поради промената на формацијата од 4-3-3 во 3-5-2, таа промена се случила токму во моментите кога го примиле голот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Не бев задоволен од тоа каков пресинг игравме, направив тактичка промена во тие 10-15 минути, а потоа повторно го сменивме системот, се вративме на 4-3-3 и игравме подобро. Фудбалерите кои влегоа од клупата за резерви донесоа свежина. Да, ќе признаам мојата одлука веројатно беше причина да не победиме денес, јас сум виновникот“, изјави Зидан.

Реал сега е трет со 53 бодови колку што има и Барселона, Атлетико е прв со 58. Треба да се додаде и дека „јорганџиите“ имаат натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …