Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака значително да го засили тимот за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ ова лето ја наполнија касата и не донесоа ниту едно засилување, а следното лето спремаат вистинска „револуција“ во тимот.
Зидан сака да го засили нападот со еден од најдобрите напаѓачи во Европа, Ромелу Лукаку.
Шпанските медиуми тврдат дека Белгиецот ќе биде примарна мета и „кралевите“ веќе спремиле понуда од 80 милиони евра.
Исто така Реал е спремен на напаѓачот да му понуди плата од 15 милиони евра по сезона,што е двојно повеќе од тоа што го добива во Интер.
Лукаку минатото лето пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед и во својата прва сезона постигна 32 гола во сите натпреварувања.