Дома Фудбал Зидан: Бејл и Хамес не се повредени, ама нема да играат

Зидан: Бејл и Хамес не се повредени, ама нема да играат

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажа дека не е среќен околу ситуацијата со Герет Бејл и Хамес Родригез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата не играат веќе извесно време поради повреда, но и покрај тоа добија повик од своите национални селекции.

Бејл и Хамес повеќе не се со повреди, но утре нема да играат против Еибар. Тие така одлучија, не јас. Се уште не се чувствуваат спремни“, изјави Зидан.

„Не е сигурно дека двајцата ќе играат за националните тимови. Има 6 дена до натпреварите, ќе видиме што ќе се случи“, додаде францускиот стратег.

Бејл ги изнервира фановите со честите патувања додека се регабилитираше од повредата. Хамес пак беше во родната Колумбија каде присуствуваше на раѓањето на своето дете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп: Отстранувањето на Инфантино би било огромна грешка за Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп излезе во поддршка на лидерот на ФИФА, Џани Инфанти…