Дома Фудбал Останато Зборуваше за Аргентина и за Барса, за ПСЖ ниту збор – Меси пак ги налути навивачите!

Зборуваше за Аргентина и за Барса, за ПСЖ ниту збор – Меси пак ги налути навивачите!

Меси вчера ја доби наградата Лауреус за најдобар спортист за 2022 година. Наградата аргентинскиот фудбалер ја прими на церемонијата во Париз, а со говорот одново ги налути навивачите на францускиот гигант.

Како добитник на наградата Меси одржа говор во кој ја спомна Аргентина и неговиот поранешен клуб Барселона, а не кажа ниту збор за ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Благодарни сме на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се сподели уште една награда со други спортисти. Секогаш е убаво кога ќе добиете вакво признание. Во изминатата година го остварив мојот најголем сон, го освоив Светското првенство.

Дотогаш имав среќни моменти со Барселона и националниот тим, меѓутоа имаше и пречки кои ме направија подобар. Благодарност до моето семејство и најблиските. Го исполнив сонот потребно беше време, а титулата светски шампион е нешто најдобро што ми се случило. Ова е трофеј за Аргентина“, порача Меси.

За многумина овој говор на Меси е уште еден доказ дека ПСЖ не му значи ништо и дека чека да си замине. Во ПСЖ Меси ги помина последните две години, а во тој период дочека и да добива навреди и свирежи од навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…