Овие денови многу се пишува за можноста Пеп Гвардиола да го превземе Јувентус.
Се огласија обложувалниците кои го истакнаа Шпанецот како прв фаворит за клупата на „старата дама“ со коефициент од само 1.50, зад него се најдоа Сари, Мурињо, Покетино, Симоне Изнаги…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа новинарот на „Мундо Депортиво“ Франсес Агиљар објави дека истиот извор кој му кажал дека Гвардиола оди во Сити, сега му кажува дека ќе се пресели во Јувентус.
„Истиот човек кој пред неколку години (многу порано пред да биде официјално објавено) ми кажа дека Пеп Гвардиола ќе го превземе Манчестер Сити сега ми кажува дека е на пат седне на клупата на Јувентус. Тогаш му поверував, а сега уште повеќе“, објави Агиљар.
И навивачите на Јувентус веројатно сонуваат да го видат Гвардиола на клупата и веруваат дека токму тој е вистинскиот човек кој овој тим може да го одведе до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.
Меѓутоа лоши вести за сите кои сакаат да го видат Гвардиола во Јувентус пренесува директорот и новинар на „Скај“, Алесандро Алкато кој важи за еден од најдобро информираните новинари во Италија.
Guardiola-Juventus: 0 possibilità.
— Alessandro Alciato (@AAlciato) May 23, 2019
Имено, Алкато на својот Твитер само кратко објави дека шансите Гвардиола да го превземе Јувентус се нула.
Останува да почекаме времето да покаже кој ќе биде во право, а промовирањето на новиот тренер на Јувентус кој и да биде би требало да се случи на 14-ти јуни (тука).