Дома Фудбал Лига на шампиони За прв пат оваа сезона и тоа баш пред финалето: Реал со сите сили против Ливерпул!

За прв пат оваа сезона и тоа баш пред финалето: Реал со сите сили против Ливерпул!

Финалето во Лигата на шампионите сите играчи на Реал Мадрид ќе го дочекаат спремни и тоа ќе биде прв таков случај оваа сезона!

За прв пат оваа сезона Реал Мадрид нема да има проблеми со повредите на своите играчи во еден натпревар и тоа токму за финалето во Лигата на шампионите.
Одлична вест за Зинедин Зидан кој повеќе нема главоболки поради повредите на своите играчи, туку е ставен на „слатки маки“ кога се сите позоции во прашање.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во текот на оваа сезона во Реал вкупно имаше 36 повреди, дури 20 играчи барем еднаш беа повредени во текот на сезоната. Единствени кои останаа неповредени целата сезона се Касемиро, Мајорал, Касиља и Хакими.

Секоја недела беше барем еден повреден, а на голема среќа за Зинедин Зидан сите негови фудбалери ќе конкурираат за финалето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Башкими го доби баражот со Беса и се пласира во Прва лига

Со триумфот над Беса во баражот за пласман во ПМФЛ денеска одигран во Кавадарци, екипата н…