Дома Фудбал Зидан даде објаснување зошто на голот го стави својот син

Зидан даде објаснување зошто на голот го стави својот син

Реал Мадрид потешко од очекувањата ја победи Хуеска. Кралевите до триумф со резултат 3:2 стигнаа во последните моменти од натпреварот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На голот на Кралевите синоќа стоеше Лука Зидан, синот на тренерот Зинедин Зидан, односно третиот голман на екипата. Овој 21-годишен голман го одигра својот прв натпревар оваа сезона.

После натпреварот Зидан даде едноставно објаснување зошто на голот го стави својот син.

„Лука е трет голман. Тибо Куртоа е повреден, а Кејлор Навас се врати од репрезентацијата и му беше потребен одмор. Му дадов шанса на друг голман.“ – изјави Зизу.

Лука е член на Реал од својата шеста година, а во првиот тим е од 2018. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез повторно ја нападна Барселона и својот противник на изборите, вети повеќе Лиги на шампионите и најдобрите играчи

Сегашниот претседател на Реал Мадрид Флорентино Перез официјално ја претстави својата канд…