Дома Фудбал Италија „За почит е тоа што Пандев на 38 години е толку спремен за големо натпреварување“

„За почит е тоа што Пандев на 38 години е толку спремен за големо натпреварување“

Македонскиот капитен Горан Пандев најголемите клупски успеси ги имаше под водство на Жозе Мурињо во редовите на Интер.

Пандев под водство на Мурињо стигна до титулата во Лигата на шампионите. Мурињо од наредната сезона повторно ќе работи во Серија А, овој пат ќе ја води Рома.

Во една од изјавите пред почетокот на Европското првенство Португалецот го спомена и Пандев.

„На ова ЕП не очекувам да има големи изненадување. Според мене Германија, Италија, Франција, Англија и Белгија, се најголемите фаворити и тие се на исто ниво. Голема почит за играчи како Горан Пандев, со него освовме тројна круна пред десетина години. За почит е тоа што на 38 години е спремен да игра на едно големо натпреварување“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали соблекувалната на Сити го саботира Де Брујн?

Доскорешниот заменик капитен на Манчестер Сити, Кевин де Брујн изгледа не ужива апсолутна …