Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Елиф Елмас е еден од најдобрите фудбалери во нашата селекција која вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Португалија во Порто во битката за Мундијалот во Катар.
Турските медиуми пишуваат дека директорот на Фудбалската федерација на Турција, Фатих Терим се обидел во минатото да го убеди Елмас да заигра за неговата репрезентација, но Елиф ја одбил таа идеја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Елмас во тие моменти немаше настапено за првиот состав на Македонија, па затоа Турците сакале да ја искористат шансата, меѓутоа нивните обиди биле залудни затоа што талентираниот фудбалер имал желба да игра само за Македонија.
Текстот од турските медиуми може да се прочита ТУКА.