Дома Фудбал Останато За да игра во финалето на ПСЖ му беа потребни 1 милијарда и 200 милиони евра

За да игра во финалето на ПСЖ му беа потребни 1 милијарда и 200 милиони евра

ПСЖ вчера стана првиот финалист во Лигата на шампионите откако со убедливи 3:0 заслужено го победи Лајпциг.

Откако Насер Ал-Келаифи го купи ПСЖ пред девет години за да ги одведе Парижаните во финалето богатиот шеик потроши дури една милијарда и 200 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После низата неуспеси во чудната 2020 година ПСЖ после 110 натпревари во елитното натпреварување конечно дојде на чекор од остварување на сонот.

Главни ѕвезди на тимот се Килијан Мбапе и Нејмар и од клупата добро ги води Томас Тухел. На Германецот му успеа она што не им успеваше на Карло Анчелоти, Лоран Блан и Унаи Емери.

Во финалето ПСЖ ќе игра против подобриот од второто полуфинале помеѓу Баерн и Лион кое се игра денес. Финалето е закажано за 23 август, недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…