Дома Фудбал Германија Зарем повторно!? Марко Ројс ја заврши сезоната!

Зарем повторно!? Марко Ројс ја заврши сезоната!

Зарем повторно?! Кога би имало наградно прашање да се погоди кој играч на Борусија Дортмунд се повредил и нема да може да игра во големото дерби против Баерн веројатно барем 90% од оние кои следат фудбал ќе кажат Марко Ројс.

Кариерата на Марко Ројс е обележана со паузи поради повреди. Само оваа сезона имаше двомесечна пауза , германскиот репрезентативец се повреди осми пат. Со најновата повреда изгледа и ја заврши сезоната.

Како што објави „Билд“ Ројс го повредил стапалото и сигурно нема да игра за Дортмунд во натпреварот против Баерн, а веројатно ниту на наредните натпревари сезонава.

Ројс не играше од 1. февруари и натпреварот против Унион Берлинг, не играше ниту во Лигата на шампионите против ПСЖ, а екипата како веќе да се навикна на неговото отсуство, па во последните шест натпревари во Бундеслигата на кој капитенот не играше победија на пет.

Повредите на Ројс се навистина трагедија затоа што се работи за фантастичен играч. Сезонава одигра 26 натпревари, постигна 12 голови и седум пати асистираше.

Ако им веруваме на разни специјализирани сајтови Марко Ројс до сега пропушти 119 натпревари на Борусија Дортмунд поради повреда. Тој број сега ќе се зголеми.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анализа и предлог тип: Се очекува голеада во Мехенгладбах

Борусија Менхенгладбах е домаќин на Унион Берлин во еден од двата меча кои се на програмат…