Дома Фудбал Започна во Реал, се прослави во Атлетико, ветеранот потврди: Потпишувам нов договор

Започна во Реал, се прослави во Атлетико, ветеранот потврди: Потпишувам нов договор

Од Мадрид пристигнува потврда – искусниот дефанзивец останува во Атлетико.

После вчерашната победа над Спортинг Лисабон во првиот натпревар од ¼ финалето во Лигата на Европа, 33 годишниот Хуанфран потврди дека останува во Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Останува во Атлетико. Се договоривме да потпишам нов договор. Не знам точно кој датум, но ќе биде наскоро“, изјави 33 годишниот десен бек на „јорганџиите“.

Хуанфран е член на Атлетико од 2011 година и до сега одигра повеќе од 300 официјални натпревари.

Интересно е што тој потекнува од школата на Реал Мадрид и што неговата сениорска кариера започна во „Б“ тимот на „кралевите“. Потоа следуваше позајмица во Еспањол, а бидејќи не успеа да се избори за своето место на „Бернабеу“ во 2006 година премина во Осасуна од каде што дојде во градскиот ривал на Реал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…