Дома Фудбал Италија Занети со коментар за заминувањето на Скриниар

Занети со коментар за заминувањето на Скриниар

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети ја коментираше одлуката на Милан Скриниар да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Интер на крајот на сезоната ќе го загуби Милан Скриниар, кој одби да го продолжи договорот и заминува без обештетување.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Му понудивме договор кој беше во нашите финансиски можности, но тој одлучи да си оди. Сега мораме да направиме се, за да го даде максимумот до крајот на сезоната“, истакна Занети.

Занети исто така потврди дека се обидел да го доведе неговиот сонародник и пријател Лео Меси во миланскииот гигант.

Меси минатото лето ја напушти Барселона како слободен агент, но Занети призна дека Интер не можел финансиски да се трка со клубовите од Премиер лигата и ПСЖ.

„Бев изненаден кога Меси заминуваше од Барселона. Не можевме да се натпреваруваме со англиските клубови и ПСЖ, но поради нашиот однос разговаравме кога веќе беше јасно дека ќе го промени клубот“, изјави Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…