Дома Трансфер зона Закажани завршните преговори: Ливерпул пред ангажман на фантастично засилување!

Закажани завршните преговори: Ливерпул пред ангажман на фантастично засилување!

fekir

Во Ливерпул не губат време и веќе се спремаат за следната сезона.

Фудбалерите на Ливерпул се подготвуваат за финалето од Лигата на шампионите, а управата на големо работи на засилувањата за наредната сезона.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Локалните медиуми во Ливерпул пренесуваат дека Набил Фекир е се поблиску до „Енфилд“, како и дека завршните преговори се закажани за наредната сезона.

Фекир експлодираше оваа сезона во дресот на Лион каде што постигна 23 погодоци и запиша седум асистенции.

Игра на неколку позиции во нападот и сигурно дека Јирген Клоп знае како да го вклопи во својата машинерија.

Дидие Дешам го објави списокот на Франција за Мундијалот, а Фекир се најде на него, па Ливерпул сака работата да ја заврши што побрзо бидејќи неговата цена би можела да се зголеми по Мундијалот.

Фекир би требало да биде второто големо засилување на Ливерпул за ова лето после Наби Кеита од Лајпциг кој е обезбеден уште од минатото лето

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…