Еден млад пар од Ливерпул сега може само да жали што нивната венчавка ја закажале за 1-ви јуни.
Ливерпул игра против Тотенхем во финалето од Лигата на шампионите на наведениот датум, а истиот ден еден пар во Ливерпул на тој датум закажал венчавка, но сега стравуваат дека тој посебен ден ќе им биде упропастен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На „Mumsnet“ веб страницата која е популарна по запознавањата млад пар започна расправа бидејќи момчето и девојката страуваат дека поради финалето од Лигата на шампионите ќе останат без гости и дека тој ден кој треба да ги обележи нивните животи ќе им се претвори во кошмар.
Непознатиот пар венчавката ја организирал пред да дознае дека Ливерпул ќе игра финале, па избраниците на Јирген Клоп им зададоа големи проблеми.
Момчето и девојката веруваат дека бројните гости за време на венчавката ќе ги држат телефоните во рака или пак ќе побараат локални пабови во кои ќе ги следат случувањата во Мадрид.
На истата страница еден од корисниците напиша:
„За среќа кога јас се женев ништо не се играше. Морате добро да внимавате кога ја организирате сопствената венчавка, можеби вашиот клуб ќе игра во финалето од Лигата на шампионите“.