Ги обележи двата натпревари против Реал во ¼ финалето минатата година, но судејќи според се ќе ги пропушти полуфиналните натпревари кои Баерн ќе ги игра против истиот противник.
Артуро Видал кој поради начинот на игра го доби прекарот „војник“ пропушта натпревари само поради тешки повреди или црвени картони, а на денешниот тренинг на Баерн го повреди левото колено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа повреда за Видал доаѓа после враќањето на тренинзите од повредата од првиот натпревар против Севиља поради која пропушти четири натпревари.
Како што пренесуваат германските медиуми Видал се повредил кога се обидел да стигне една топка. Болката била толку силна што Чилеанецот не можел да оди, па бил изнесен со возилото на теренот.
Загрижените соиграчи му давале поддршка на Видал кој толку многу сакаше одмазда против Реал. Тоа најдобро го покажува неговиот твит од пред некоку дена.
Сепак, ваква повреда веројатно значи две недели пауза, а често пати и двојно повеќе…
Bitter! @kingarturo23 war auf dem Weg zum Comeback nach Knie-Reizung, jetzt verdrehte er sich das rechte Knie. #Vidal musste gestützt werden und das Training abbrechen! @BILD #FCB https://t.co/thpAEqgIK3
— BILD FC Bayern (@BILD_Bayern) April 15, 2018