Дома Фудбал Останато Заборавете се: Следи најлудото финале во историјата на фудбалот!

Заборавете се: Следи најлудото финале во историјата на фудбалот!

Замислете „Ел Класико“ во финалето од Лигата на шампионите – ова е поголемо од такво нешто!

Аргентинците ги победија Бразилците во полуфиналето и во финалето ќе гледаме „Суперкласико“ кое ќе го даде шампионот на Јужна Америка.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Звучи неверојатно, но Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе играат во финалето на Копа Либертадорес и претходно такво нешто никогаш не се случило.

Вчера Бока ја одбрани победата од 2:0, одиграа 2:2 против Палмеирас.

Една вечер претходно Ривер го победи Гремио и стигна во првото полуфинале во три години.

Првиот натпревар од финалето се игра на „Бонбоњера“ за седум дена, додека три недели подоцна следи реваншот.

Треба да се истакне дека ова ќе биде последен пат финалето да се игра во два натпревари, од наредната ќе гледаме еден како што е случај во Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=Fa_CpDR-KDU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ковач на маса има понуди од три големи англиски клуба, негово е само да избере

Нико Ковач се соочи со жестоки критики откако Борусија Дортмунд беше елиминирана од Аталан…