Дома Фудбал Италија Жиру става потпис на нов договор

Жиру става потпис на нов договор

Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жиру наскоро ќе наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но Милан сака да го задржи и веќе започна преговори за продолжување на соработката.

Двете страни се блиску до договор и наскоро Французино ќе потпише договор до 2024 година со опција за уште една сезона.

Жиру му се приклучи на Милан во јули 2021 година и има 55 настапи за клубот, постигнувајќи 22 гола и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Октоподот“ Емпаси не може се, Муњоз ја фрли Колумбија во транс!

Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодишниот Мундијал. Како ПАМЕТНО да типувате…