Дома Фудбал Италија Жиру вчера Пиоли го потсетил на Тоти

Жиру вчера Пиоли го потсетил на Тоти

Важеше Милан за фаворит во вчерашниот натпревар против Специја, но „росонерите“ се изнамачија за да дојдат до победата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резултатот на семафорот стоеше 1:1 се до последните моменти од средбата кога победничкиот гол за Милан го постигна францускиот напаѓач Оливие Жиру. Додавањето од Тонали, Жиру го искористи на маестрален начин и ја затресе мрежата.

Интересен беше коментарот на Пиоли за овој гол на Жиру, стратегот на Милан истакна дека голот на Французинот го потсетил на Франческо Тоти.

„Тонали испрати навистина добра топак, но голот на Оли беше уште подобар и поубав. Неговиот гол ме потсети на Тоти против мојот Лацио. Се сеќавам дека тогаш водевме со 2:0 и натпреварот заврши 2:2. Кога Жиру ја погоди мрежата ме потсети на голот на Тоти за 2:2“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Слушнав како се крши коска…“: Ужасно откритие на селекторот на Канада по хорор повредата на Коне

Канада како домаќин оствари повеќе од убедлива победа во второто коло од групата Б, но нат…