Дома Македонски спорт Мак ракомет Женската ракометна репрезентација на Македонија несреќно загуби од Норвешка

Женската ракометна репрезентација на Македонија несреќно загуби од Норвешка

Женската репрезентација на Македонија беше поразена од селекцијата на Норвешка со 27:26 во првиот контролен натпревар од двата кои ќе се одиграат во Скопје.

Денешниот натпревар беше затворен за јавноста, за разлика од вториот во сабота кога влезот ќе биде слободен. Тој натпревар се игра од 16:00 часот.


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


Од почетокот македонската репрезентација најави дека ќе се обиде да стигне до победата, водеше со 17:14 на полувреме, а на 26:26 имавме и напад за победа. Сепак, на крајот Норвежанките беа тие кои и се израдуваа на победата.

Селекторот Љубомир Савевски на овој натпревар им даде шанса на младите ракометарки кои играа на Мундијалот за кадетки во Скопје, а сега се прекомандувани во сениорската селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кjелце пресилен за Еурофарм Пелистер

Пелистер го забележа деветтиот пораз од исто толку одиграни натпревари во Лигата на шампио…