Дома Македонски спорт Мак ракомет Ждреб за полуфиналето во Купот: Вардар и Алкалоид повторно ќе ги одмерат силите!

Ждреб за полуфиналето во Купот: Вардар и Алкалоид повторно ќе ги одмерат силите!

Нов судир во македонскиот ракомет ќе имаат Алкалоид и Вардар и тоа во полуфиналето од Купот на Македонија.

Завршниот турнир за трофејот во Купот во машка и женска конкуренција ќе се одржи во Охрид од 11-ти до 13-ти мај. Потешкиот пат до финалето ќе го имаат Алкалоид и Вардар кои ќе мораат да играат еден против друг. Во второто полуфинале Еурофарм Пелистер ќе биде фаворит против Пролет.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во првиот ден ќе се играат двете полуфинални средби, а победниците ќе играат во финалето на 13-ти мај./ Во вториот ден ќе играат женските полуфинални средби во кои Металург ќе игра со Куманови, а Ѓорче Петров ќе оди битка со Вардар. Женското финале исто така се игра на 13-ти мај.

Ф4 – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА

Алкалоид – Вардар 11 мај

Пелистер – Пролет  11 мај

Ф4 – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Вардар – Ѓорче Петров 12 мај

Металург – Куманово   12 мај

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…