Кошаркарите на Анадолу Ефес вечерва постигнаа победа од 77:69 над Олимпијакос во првиот натпревар од 29. коло од Евролигата.
Домашниот тим Анадолу Ефес беше во водство во текот на поголемиот дел од натпреварот, а најефикасен на дуелот беше Томас Ертел со 18 поени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бамберг – Дарушафака завршија 97:99, а Барселона беше подобра од Макаби со 76:71.
Денес се играат натпреварите: Црвена Звезда – Уникс, Галатасарај – Басконија, Жалгирис – Милано Армани, Панатинаикос – ЦСКА Москва и Реал Мадрид – Фенербахче.
Табела: Реал Мадрид 21-7 (победи-порази), ЦСКА 21-7, Олимпијакос 19-10, Фенербахче 17-11, Анадолу Ефес 17-12, Панатинаикос 17-11, Басконија 16-12, Црвена Звезда 15-13, Дарушафака 15-14, Жалгирис 13-15, Барселона 12-17, Бамберг 10-19, Галатасарај 10-18, Макаби 10-19, Уникс 7-21, Милано Армани 7-21.
Пласман во ТОП 8 фазата досега имаат обезбедено Реал Мадрид, ЦСКА, Олимпијакос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Панатинаикос, Басконија. На две кола докрајот за последното место конкурираат Црвена Звезда и Дарушафака.