Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер ја потврди разделбата со Бабиќ

Еурофарм Пелистер ја потврди разделбата со Бабиќ

РК Еурофарм Пелистер потврди дека спогодбено ќе го раскине договорот со тренерот Жељко Бабиќ.

Клубот од Битола ја искористи таквата опција во договорот и после две и пол сезони ќе добие нов требер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек. Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022. Клубот му посакува многу успех во понатамошната работа и вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за професионалци како него“, соопштија од Еурофарм Пелистер.

До крајот на плеј-офот Еурофарм Пелистер ќе одигра уште два натпревари, а потоа ќе го објави името на новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…