Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер ја победи Војводина, но доби жолт картон од „Чкембари“!

Еурофарм Пелистер ја победи Војводина, но доби жолт картон од „Чкембари“!

Eурофарм Пелистер денес во салата Боро Чурлевски ја запиша првата победа во СЕГА лигата сезонава, а видовме и порака од навивачите кои го искажаа незадоволството за испаѓањето од групната фаза во Лига Европа.

Добро го отворија „пелистерци“ натпреварот и поведоа со 6:1, а Војводина со три гола успеа да се врати во игра. До крајот на првиот дел гостите од Србија се доближија уште повеќе, па на пауза македонскиот претставник имаше 14:12.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Второто полувреме донесе изедначена игра се до последните десетина минути од натпреварот кога со една мини-серија битолскиот клуб се „одлепи“(26:22) и не му дозволи на противникот да се врати во натпреварот. На крајот конечниот резултат гласеше 30:25.

За истакнување е и пораката која од трибините ја испратија „Чкембарите“:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…