Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер без проблеми до бодови на гости кај Пролет

Еурофарм Пелистер без проблеми до бодови на гости кај Пролет

Tимот на Еурофарм Пелистер во рамките од 21. коло во домашното првенство го совлада Тинекс Пролет со 23:28.

Пелистерци одлично отворија и ги постигнаа првите четири гола на натпреварот, следуваше една позитивна серија на домаќинот со која не дозволи битолчани да се одлепат. Бркаше Тиквеш негатива до крајот на првиот дел додека избраниците на Жељко Бабиќ ја користеа секоја грешка. По првите 30 минути резултатот гласеше 12:13.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


На стартот на вториот дел следуваше и серијата од 5:1 со која веројатно беше решен овој натпревар. Ракометарите на Тинекс тешко реализираа и тешко се справуваа со одличната гостинска одбрана.

Костески беше најефикасниот со шест гола, а по пет постигнаа Велковски и Периќ. Во редовите на Пролет се истакна Пецаковски со осум гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…