Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм испушти предност од пет гола разлика и изгуби од Бидасоа

Еурофарм испушти предност од пет гола разлика и изгуби од Бидасоа

Eурофарм денес го запиша третиот пораз во Лигата на шампионите.

Битолскиот тим денес изгуби од Бидасоа со 25:26. Македонскиот претставник го изгуби натпреварот иако во еден момент имаше дури пет гола предност.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На стартот Бидасоа беше подобар тим, додека Еурофарм се одржуваше и недозволиуваше противникот да се одлепи. Потоа следуваше период во кој Еурофарм играше подобро и на одмор замина со предност од три гола (14:11).

Во второто полувреме Еурофарм стигна и до предност од пет гола (16:11). Токму по тоа водство започна падот во нивната игра и на крајот Бидасоа направи пресврт и славеше со еден гол разлика.

Кај Еурофарм најефикасен беше Остроушко со девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…