Еминентниот италијански весник „Газета дело Спорт“ погрешно ги пренесе зборовите на поранешниот напаѓач на Интер и Барселона, Самуел Ето.
Ето во една изјава за медиумот кажал дека Роналдо е меѓу најдобрите светски фудбалери, а „Газета дело Спорт“ погрешно ја пренесе неговата изјава, па објави дека Роналдо е најдобриот светски играч според Камерунецот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Не, не реков дека Роналдо е најдобар играч на сите времиња. Реков дека е еден од најдобрите. Најдобар е Меси“, напиша Ето на социјалните мрежи.
Во меѓувреме „Газета дело спорт“ ја избриша веста од својата интернет-страница.