Дома Трансфер зона Ерера го одбил Тотенхем поради љубов кон Манчестер Јунајтед

Ерера го одбил Тотенхем поради љубов кон Манчестер Јунајтед

Играчот од средниот ред Андер Ерера одбил да го облече дресот на Тотенхем од почит кон Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Андер Ерера моментално настапува за ПСЖ и требаше да биде дел од трансфер пакет и размена со Тотенхем, така што Ндомбеле да се пресели во Париз.

Поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ на Леонардо му соопштил дека во Премиер лигата може да игра само за Манчестер Јунајтед и за ниту еден друг клуб.

Ерера помина пет години во Јунајтед откако пристигна од Атлетик Билбао во 2014 година. За време на престојот во Манчестер ги освои ФА Купот, Карабао Купот и Лига Европа, а во 2019 година како слободен играч замина во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…