Дома Фудбал Англија Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Унаи Емери доби отказ година и полoвина откако стана тренер на Арсенал. Привремено на клупата го наследи Фреди Љумберг. Играчката легенда на „топџиите“ ќе го води тимот против Норвич во недела, но јасно е дека тој не е трајно решение.

Раководството на Арсенал е во потрага по нов менаџер, па медиумите шпекулираат со неколку имиња. Од Шпанија доаѓа информација дека еден од главните кандидати е бившиот тренер на Валенсија, Марселињо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Марселињо доби отказ во Валенсија на почетокот на септември оваа година поради недоразбирање со раководството и моментално е без ангажман.

Наводно „топџиите“ веќе стапиле во контакт со Марселињо и ја разгледуваат можноста да го донесат на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Адама Траоре има нов клуб!

Денес шпанскиот крилен играч, Адама Траоре, ги замени лондонските клубови, преминувајќи во…