Играчот за врска на Олимпик Марсеј, Матео Гендузи е голема трансфер цел на Астон Вила, пренесува „Екип“.
Раководството на Марсеј потврди дека пристигнала понуда од англиски клуб и дека ја разгледува.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Гендузи играше во Арсенал и добиваше голема минутажа кај Унаи Емери, а кога Шпанецот замина тој се пресели во Марсеј.
Гендузи игра одлично во Марсеј и доби повик за Светското првенство, а Емери сака повторно да го има во својот тим.
Самиот играч дал согласност за трансферот, па сега треба да се договорат двата клуба.