Дома Македонски спорт Елмас откри која македонска легенда е заслужна за неговиот трансфер во Фенербахче

Елмас откри која македонска легенда е заслужна за неговиот трансфер во Фенербахче

Нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, како што е познато потпиша договор со турскиот гигант Фенербахче, тој пред медиумите во Турција беше претставен како голема идна фудбалска ѕвезда.

Елмас при претсатвувањето наведе дека договорот со клуб каков што е Фенербахче за него претставува остварување на соништата, бидејќи неговото семејство и пријателите се големи навивачи на овој клуб, но и откри кој човек одиграл голема улога за тој да заврши онаму каде што е сега.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Се надевам дека ќе бидам успешен. Со нетрпение чекам да добијам право на настап за да можам да се прилагодам на турскиот фудбал. Во оваа прилика го поздравувам Перо Антиќ кој е мој голем пријател и човек кој е еден од најзаслужните што денеска ја сум фудбалер на Фенербахче“, изјави Елмас.

Елмас неодамна наполни 18 години и со тоа доби право да потпише професионален договор со Фенербахче каде што пристигна во летниот преоден рок од редовите на Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Легендата за Де Брујне: Само еден странец во Премиер лигата беше подобар од него

По долгомесечни шпекулации за неговата иднина, Кевин Де Брујне лично потврди дека по крајо…