Дома Македонски спорт Елмас: Не чека тежок меч, ќе играме за себе и за цела држава!

Елмас: Не чека тежок меч, ќе играме за себе и за цела држава!

Maкедонија во четврток ќе игра против Грузија во натпревар во кој победа значи пласман на Европското првенство.

Пред овој натпревар за сајтот на ФФМ зборуваше еден од нашите најдобри фудбалери, Елиф Елмас.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство“, изјави Елмас.

Грузија и Македонија играат во четврток во 18:00 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…