Вчера македонскиот фудбалер Елиф Елмас го постигна првенецот во Серија А во победата на неговиот Наполи од 2:4.
Елмас претходно на два пати немаше среќа. Прво еден не му беше признат поради видео-технологијата, недостасуваше буквално милиметар, а потоа во еден дуел голот беше запишан како автогол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец во Наполи пристигна минатото лето за 16 милиони евра. Кај Анчелоти играше нешто повеќе, но откако Гатузо дојде на клупата Елмас во Серија А не добиваше многу простор за игра. Сепак, вчера Рино се одлучи да го пушти Елмас од првата минута, а тој му врати на најдобар начин.
Elif Elmas scores his first Napoli goal!
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) February 3, 2020
Elmas ends the wait for his first Napoli goal with a lovely finish at the back post from a corner. Just look at his celebration, you can see just how much it means to him.pic.twitter.com/NfqbtuXRwl
Со голот против Сампдорија Елмас стана шестиот Македонец кој постигнал гол во Серија А. Пред Елмас во најсилната лига во Италија во листата на стрелци се запишаа: Дарко Панчев, Горан Пандев, Агим Ибраими, Александар Трајовски и Илија Несторовски.