Селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров направи една измена од првиот натпревар против Романија за денешниот реванш.




Ново име во нашиот ростер е Ненад Костески кој во тимот ќе добие шанса на местото на Марко Митев.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Измена направија и Романија кои го пријавија десниот бек Хавиер Гаминде Хумет од Диннамо Букурешт. Поради приватни причини тој го пропушти натпреварот во Скопје. Судии на натпреварот кој започнува од 17:00 часот ќе бидат Германците Шулце и Тониес.




Ќе потсетиме Македонија во овој реванш влегува со одлична предност од првиот натпревар со осум гола разлика 30:22.