Дома Топ вести „Единствен проблем на Роналдо е што постои Меси“

„Единствен проблем на Роналдо е што постои Меси“

Често се поставува прашањето кој е најдобриот фудбалер на денешницата и готово секоја дискусија се сведува на две имиња, Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот плејмејкер на Барселона, Чави има свое мислење на оваа тема и очекувано предност му даде на својот бивши соиграч, Меси. Тој не штедеше пофални зборови за Португалецот, но според него Аргентинецот е број еден.

Кристиано Роналдо е роден голгетер, спектакуларен играч. Негов проблем е Меси, кој според мене е најдобриот во историјата. Тоа е единствениот проблем кој го има Роналдо, иако и тој е фудбалер кој одбележи една ера“, смета Чави.

Доказ за тоа колку се доминантни овие двајца фудбалер е фактот што во последните 10 година двајцата заедно освоија девет „Златни топки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бразил и Мароко се пласираа во нокаут-фазата на Светското првенство

Во последните натпревари од групата Ц на Светското првенство, Бразил убедливо ја совлада Ш…