Дома Фудбал Лига на шампиони Едерсон: Ќе барам да го шутирам одлучувачкиот пенал ако го има во финалето

Едерсон: Ќе барам да го шутирам одлучувачкиот пенал ако го има во финалето

Бразилскиот голман Едерсон е спремен да преземе одговорност доколку дојде до пенали во финалето во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити и Челзи во сабота ќе играат финале во Лигата на шампионите на стадионот „Драгао“ и не е исклучена можноста да гледаме продолженија, па и пенали. Ако дојде до пенали, Едерсон е спремен да преземе одговорност и тоа во одлучувачката серија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јас сум на листата изведувачи. Доколку дојде до тоа спремен сум да ја земам топката и да шутирам во петата серија“, изјави Едерсон.

На почетокот на оваа година Едерсон инсистираше да изведе пенал против Тотенхем, но Гвардиола го одби и го избра Родри.

„На тренинзите не изведувам слободни удари, но изведувам пенали. Имаме неколку добри изведувачи на слободни удари, но јас најдобро шутирам пенали“, изјави Бразилецот за англиските медиуми.

На прашањето зошто тогаш не изведува пенали кратко одговори: Гвардиола не ми дозволува да ги изведувам во текот на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…