Дома Останати Авто Мото Еден од најпознатите возачи во Формула 1 со солзи во очите најави крај на кариерата 🎥

Еден од најпознатите возачи во Формула 1 со солзи во очите најави крај на кариерата 🎥

Даниел Рикиардо денеска можеби ја возеше својата последна трка во кариерата.

На патеката во Сингапур Рикиардо заврши на последната позиција, но во финишот успеа да му го украде најбрзиот круг на победникот на трката Ландо Норис. Со тоа му помогна на Ред Бул и Мак Ферстапен одземајќи му еден бод во генералниот пласман.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Премногу емоции, ова можеби е крај. Изморен сум по трката и чувствата се измешани. Се навикнав на кокпитот изминатите години, сакав да уживам во оваа последна трка. Денеска го дадов својот максимум. Може да се каже дека бајката не доби среќен крај…Сепак на се мора да гледам со гордост. Поминав околу 13 години во Формула 1 и навистина сум горд на се што постигнав“,зборуваше Рикиардо со солзи во очите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…