Јувентус е во потрага по лев бек, бидејќи Алекс Сандро го загуби местото во првиот тим.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изминатите денови Перишиќ се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но италијанските медиуми тврдат дека првиот избор е друг хрватски репрезентативец.




Станува збор за левиот бек на Штутгарт, Борна Соса, кој со своите одлични партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.




Соса оваа сезона запиша 9 асистенции и постигна два гола, а Штутгарт за неговата слобода бара 25 милиони евра.




Барселона исто така е заинтересиран за Хрватот, но Јувентус е во пол-позиција за неговиот потпис.