Дома Фудбал Останато Едгар Давидс има нов клуб, ќе биде тренер во Португалија

Едгар Давидс има нов клуб, ќе биде тренер во Португалија

Поранешниот одличен холандски фудбалер Едгар Давидс е именуван за нов тренер на стручниот штаб на португалскиот третолигаш Олханенсе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Човекот кој зад себе има феноменална играчка кариера и кој најдлабока трага остави во Ајакс и Јувентус се обидува да се оствари и како тренер.

Кон средината на минатата година тој беше именуван за тренер на второлигашот Телстар, а како што пишуваат португалските медиуми денес тој ја прифатил понудата на Олханенсе.

Давидс денес би требало да биде претставен во новиот клуб како шеф на стручниот штаб.

Ќе потсетиме, како фудбалер со Ајакс ја освои Лигата на шампионите, а со Јувентус три пати беше шампион на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Мадрид никогаш нема да му го простат ова: Еве што направи Јамал за време на големата прослава на Барса

Ламине Јамал повторно успеа да предизвика врева во Шпанија, овојпат за време на големото с…