Францускиот фудбалер Патрис Евра во разговор за „Скај Спорт“ откри кој му бил најтежок противник во неговата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Евра играјќи за Ница, Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус и некои други клубови во кариерата се сретнал со играчи кои тешко се чуваат. Неколку пати Евра играше и против Лионел Меси. Сепак на Французинот Меси не е му најтежок противник.
„Најтежок играч против кој сум играл беше Џејмс Милнер. Играв против Меси многу пати и не можам да кажам дека е лесно да го чувате, но можев да се носам со него. Тој е опасен кога ќе тргне во средината затоа што тогаш може да се намести и на лева на десна нога“, изјави Евра и додаде:
„Џејмс Милнер ми беше најтежок противник затоа што знаеше да ме изнервира. Јас сум напаѓачки ориентиран бек, а тој ме следеше секаде по теренот, дури беше со мене и во скок дуелите. Тоа многу ме нервираше. Си помислував: Оди напред човеку оставиме веќе“, откри Французинот.