Дома Фудбал Останато Евра: Варан ме потсетува на Рио Фердинанд

Евра: Варан ме потсетува на Рио Фердинанд

Во текот на вчерашниот ден Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Рафаел Варан.

Варан се очекува да биде големо засилување за Манчестер Јунајтед, а договорот ќе го потпише откако ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го помине задолжителниот карантин во Британија.

Со ангажманот на Варан се очекува „црвените ѓаволи“ да ги решат проблемите во одбраната.

„Варан ме потсетува на Рио Фердинанд. Одличен е со топка, висок и фантастичен во скок играта. Се сеќавам кога го видов на првиот натпревар во репрезентацијата бев импресиониран од него. Беше толку млад, а имаше неверојатна самодоверба. Тешко дека Солскјер можеше да пронајде подобро засилување“, изјави Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов гол на Алиоски за Ал-Ахли🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски продолжува со добрите партии во дресот на Ал-Ах…