Дома Фудбал Италија Еве што кажа Алегри за трансферот на Роналдо

Еве што кажа Алегри за трансферот на Роналдо

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри го даде првиот коментар за доаѓањето на Кристиано Роналдо во редовите на „старата дама“.

Трансферот вчера и официјално беше потврден, а Алегри смета дека неговото доаѓање ќе биде добро не само за Јувентус, туку за цела Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мислам дека доаѓањето на Роналдо е чекор напред за сите во клубот. Во понеделник ќе има пресконференција, знам дека е многу среќен и дека е огромен професионалец“, изјави Алегри.

„Ова е салто во квалитет за еден тим кој постигна големи нешта изминатите години. Овој трансфер е нешто исклучително, не само за Јувентус туку за цела Серија А. Каде ќе игра во мојот тим? Поблиску до голот“, одговори Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кој ќе биде наследникот на Салах? Ливерпул има тројца на маса и буџет од 140.000.000 евра!

Ливерпул е подготвен да инвестира до 140 милиони евра во потрага по наследникот на Мохамед…