Дома Останати Тенис Еве колку Србија му плаќа на Ѓоковиќ за олимпиското злато

Еве колку Србија му плаќа на Ѓоковиќ за олимпиското злато

НОВАК ЃОКОВИЌ го освои златото во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри во Париз.

Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е првиот златен медал во кариерата на 37-годишниот српски тенисер. Владата на Република Србија ги наградува своите олимпијци кои освојуваат медали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така, Ѓоковиќ од неа ќе добие еднократна исплата од 200.000 евра. Само две земји плаќаат повеќе од Србија за олимписко злато. Тоа се Израел (253.000 евра) и Хонг Конг (708.000 евра). Ѓоковиќ се стекнува и со право на спортска пензија која се активира од 40 години и се исплаќа месечно.

Со оваа победа српскиот тенисер ја заокружи својата кариера Златен слем, односно освојување на сите четири Грен слем и олимписко злато. Досега во историјата на тенисот успеале само Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ погоден од трагедијата: Како Србинот се збогуваше од трагично настраданата колешка (Фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше првиот меѓу сите српски тенисери ш…