Дома Фудбал Лига на шампиони Дуелот Сити – Реал под знак прашалник, може да се игра на неутрален терен

Дуелот Сити – Реал под знак прашалник, може да се игра на неутрален терен

Велика Британија воведе мерка од 14 дена карантин за патници од Шпанија, што е голем проблем за Реал Мадрид во пресрет на реванш дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Едно од прашањата што се поставува е дали карантинот важи за сите лица или од истиот ќе бидат ослободени оние кои доаѓаат во земјата со работна обврска.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Задолжителниот карантин ќе биде голем проблем за УЕФА со оглед на тоа што на 7 август е закажан дуелот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

За да се одигра натпреварот на „Етихад“, Реал можеби ќе мора да добие специјално „помилување“ од карантин, во спротивно мечот ќе се одигра на неутрален терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…