Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ оддржа краток говор посветен на прославениот кошаркарски тренер, Душан Дуда Ивковиќ во Салата на мирот и пријателството во Пиреј.
Ѓоковиќ на прошталниот натпревар во чест на Дуда беше повикан како специјален гостин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чест ми е што сум повикан на овој меч. Дуда Ивковиќ е професор и како татко ни е на сите во спортот, во Србија, Грција… Никогаш не сум играл кошарка, но сум голем љубител на кошарката и секако негов фан, и она што Дуда го направи за нашата кошарка во Србија, но и за спортот ширум светот. Благодарам на сите и благодарност на Олимпијакос за ова фантастично искуство“, истакна Ѓоковиќ.
Дуда за последен пат ќе ја води својата екипа од клупата. Целиот тој приход од влезниците на натпреварот ќе бидат наменети во хуманитарни цели и за грчката организација „Насмевка за децата“, но и за Тиршовој во Белград.
.@DjokerNole : "Dusan Ivkovic is a father to all of us in sports" pic.twitter.com/JTwFaH20mx
— Eurohoops.net (@Eurohoopsnet) September 20, 2017