Дома Фудбал Останато Драма во домот на искусниот стопер: Се пресметал со четири разбојници кои сакале да го киднапираат!

Драма во домот на искусниот стопер: Се пресметал со четири разбојници кои сакале да го киднапираат!

Се се случувало во куќата на Марбеља, за среќа се разбудил и тоа случајно…

Се сеќавате на Мартин Демикелис, Аргентинецот имаше одлична кариера, иако многумина ги оспоруваа неговите квалитети.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пелегрини го доведе во Сити пред тоа играше за Ривер, Баерн одлични настапи прикажуваше и во дресот на Малага, а собра пеесетина настапи и за селекцијата на Аргентина.

Познат е и по сопругата, поранешниот модел Евангелина Андерсон со која има три деца. Евангелина ги заспала децата, постави слика на Инстаграм, а потоа таа и нејзиниот сопруга си заминале на спиење во вилата во Марбеља.

Демикелис се разбудил околу три часа по полноќ и тоа сосема случајно, слушнал шумови на приземјето. Се симнал и се сретнал со четворица разбојници. Медиумите пишуваат дека дошло до тепачка, се слушнал вресок. Разбојниците го напуштиле неговиот дом со слаб плен, некоја сума на пари и неколку часовници.

Нивниот план бил со спреј да го успијат целото семејство на Демикелис и да го киднапираат (веројатно потоа би барале пари за откуп), но за нивна несреќа Аргентинецот не спиел цврсто.

Демикелис не се исплашил, меѓутоа шампион во оваа категорија останува Леонардо Бонучи кој пред сопругата и детото удри разбојник со пиштол, а потоа го бркаше со скутерот со кој се обидел да побегне.

Ќе го споменеме и Диего Коста кој околу четири километри бркал разбојници од времето во Ваљадолид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Дајк се огласи за својата иднина: Не очекував вакво прашање!

Вирџил ван Дајк ги отфрли сугестиите за летен трансфер во Реал Мадрид, но призна дека нема…